MediaTek ги објави новите чипови Dimensity 8000 и Dimensity 8100. Наместо таргетирањето на флегшип паметните телефони, како што е нивниот чипсет Dimensity 9000, новите чипсети 8000 и 8100 од MediaTek ќе се обидат да го заземат местото на чиповите за паметни телефони од средна класа, како што се Qualcomm Snapdragon 888 и 870.
MediaTek вели дека новите Dimensity чипсети треба да се очекуваат да работат на ниво на Snapdragon 888 и 870. Како и сите модерни чипсети, Dimensity 8000 и 8100 се засноваат на 5nm процесот на TSMC. Чипсетите со осум јадра доаѓаат со четири ARM Cortex A78 јадра и четири ARM Cortex A55 јадра. Мала разлика меѓу нив е што јадрата A78 кај Dimensity 8100 работат на 2,85 GHz, додека кај Dimensity 8000 работат на 2,75 GHz.
Покрај тоа, двата чипсети имаат LPDDR5 RAM, 4MB L3 кеш, Mali-G610 MC6 GPU и APU од петтата генерација. Дополнително, чипсетите доаѓаат со поддршка за сензори за камера до 200 MP, Bluetooth 5.3, декодирање Wi-Fi 6E и AV1. Сепак, за разлика од Snapdragon 888 и новиот Snapdragon 8 Gen1, овие два чипсета немаат поддршка за mmVave 5G и доаѓаат со поддршка само за 5G мрежи под 6 GHz.
MediaTek вели дека првите паметни телефони со новите Dimensity 8000 и Dimensity 8100 чипсети треба да бидат пуштени во продажба во следните неколку недели. Како што е наведено од Android Authority, потпретседателот на Mediatek и генерален менаџер за маркетинг, Финбар Мојнихан, рече дека паметните телефони со Dimensity 8100 и 8000 треба да пристигнат по цена помеѓу 400 и 700 долари.
Поврзани артикли