Honor продолжува да го шири својот екосистем на носечки уред, а најновиот додаток ќе биде Band 6, според најавата на компанијата на Weibo страниците. Уредот ќе има голем екран и ќе биде претставен на 3. ноември.

Во објавата, компанијата истакнува дека Band 6 ќе обележи нова ера на носечките уреди со целосен екран и „дека овој пат тоа ќе биде поинаку“. Претходникот на овој модел Honor Band 5, ги покриваше сите основи на подостапен уред – стил, немаетливост, основни фитнес функции.

Останува да се види дали покртај главната функционалност, Band 6 можеби ќе добие и OLED екран со поголема дијагонала, како и поголема батерија.

Исто така, се поставува прашање дали Honor ќе успее да ја задржи ниската цена под 30 долари, или подобрените спецификации ќе значат и зголемување на трошоците на производство и крајната цена на уредот.