Првиот Unpacked настан на Samsung оваа година доаѓа малку порано од вообичаеното.

Првиот овогодишен настан Samsung Unpacked ќе се одржи на 17 јануари. Нормално, овој настан се случува во првата недела од февруари, така што ова е интересна промена.

Настанот ќе се одржи во живо во Сан Хозе и ќе се емитува на голем број канали на Samsung, вклучувајќи го и YouTube.

Samsung сè уште нема промовирано никакви детали во врска со овогодинешниот настан Unpacked, но сигурно има некои навестувања за тоа што би можеле да видиме.

Има големи шанси јужнокорејската компанија да ја претстави премиум серијата на телефони Galaxy S24, како и да започне со нивната претпродажба веднаш по настанот.

Samsung има навика да воведува нови верзии на лаптопи како дел од првиот годишен настан Unpacked, па оваа година би можеле да го видиме Galaxy Book4 или нешто слично.

Исто така, во најавното видео, гледаме дека овогодинешниот Unpacked ќе се фокусира на AI, односно функциите на вештачката интелигенција.