Samsung неодамна ја претстави својата најнова Galaxy S22 линија со нов дизајн и моќен процесор. Секогаш е интересно да се види како функционираат новите флегшип модели на тестовите за издржливост, а Galaxy S22 Ultra не е исклучок. Најновите и најдобри телефони на Samsung поминуваат низ низа тестови кои вклучуваат гребење, виткање и многу повеќе. Доколку сте решиле да го купите Galaxy S22 Ultra, погледнете го видеото подолу за да видите како моќниот смартфон преживува еден таков тест.
Тестот на издржливост го спроведе YouTube каналот JerryRigEverything и покажува како Galaxy S22 Ultra се однесува во интензивни услови. Тестот почнува со гребење на екранот и резултатите не се изненадувачки. Samsung користи Gorilla Glass Victus на предната страна што издржува гребаници на „ниво 6 со подлабоки жлебови на ниво 7“. Иако не е лошо, главно сите телефони овие денови го даваат истиот резултат, што ги вклучува и iPhone 13 Pro моделите.
Рамката на Galaxy S22 Ultra е изработена од метал кој може да издржи удари, но не и гребнатини со текот на времето. Новото и подобрено S Pen пенкало на S22 Ultra се крши со мала сила бидејќи е направено од пластика. Задната страна на телефонот е исто така направена од стакло, но има мат завршна обработка. Матираниот слој донекаде ќе одолее на гребаници, но може да се види дека сечилото не покажува никакви траги.
Новиот екран на уредот има променлива брзина на освежување. Иако може да издржи топлина до одредено ниво, тестот за издржливост на Galaxy S22 Ultra покажува дека остава трајна бела дамка на екранот. На крајот, Зак изврши тест на свиткување и не е чудно дека уредот е направен како тенк. Виткањето од двете страни не влијаеше на уредот, што е одлично за телефон со оваа големина.
Сè на сè, конечниот впечаток е дека Galaxy S22 Ultra лесно го поминува тестот за издржливост. За повеќе детали за тестот, можете да го погледнете видеото објавено погоре.