Како дел од санкциите кои САД ѝ ги воведоа на Русија, Intel и AMD наводно престанале да ја снабдуваат со свои чипови.
Intel, пак, веќе ги потврди овие наводи, додека истата потврда се очекува и од AMD.
Тајван претходно истакна дека ќе учествува во санкциите против Русија, што ги спречува компаниите како TSMC да продаваат чипови на Русија.
Сепак, се чини дека американските производители на полупроводници ќе се приклучат на овие санкции.
На веб-страницата на Tom’s Hardware се наведува дека Intel и AMD веќе престанале да испорачуваат чипови во Русија, но досега само Intel го потврди тоа. Здружението на руски програмери и производители на електроника (ARPE), исто така, ја потврди оваа суспензија.
Овие санкции се очекува да имаат влијание и врз војската и врз цивилните корисници, бидејќи чиповите на Intel и AMD се користат од двете групи.
Сè уште не е јасно кои чипови ќе престанат да се доставуваат во Русија, но забраната треба да има влијание врз сите производители на полупроводници. Дополнително, руските компании, кои се додадени на црната листа, не можат да купат никакви чипови од американски компании.
Извор: Klix.ba