Досега научивме дека апликациите се најзаслужни за празнење на батеријата на мобилниот телефон.
Една од главните причини е тоа што истите работат во заднина, односно дури и тогаш кога не ги користиме.
За среќа технологијата напредна и можеме поквалитетно да располагаме со енергијата, доколку ги знаеме вистинските нагодувања.
Популарниот тиктокер Кадама открил едноставен трик за iPhone, кој го продолжува траењето на батеријата и воодушевил милиони луѓе ширум светот.
https://www.tiktok.com/@kadama/video/7047223647999692079
За почеток, пронајдете ја алатката Settings потоа кликнете General, па Background app refresh, па Off.
Кога ќе го завршите овој дел, повторно вратете се на копчето Settings, па кликнете Battery, па Battery health, па Optimised Battery Charging on.
Со ова ги ограничувате вашите апликации да ја трошат батеријата без потреба, а доколку имате било какви нејасни работи за постапката, тогаш погледнете го објаснувањето во видеото.
Извор: Srbija Danas