Популарната апликација за пораки е под удар поради голем проток на податоци.
Апликацијата Telegram се најде под оптоварување, поради протокот на големи количини на податоци во Европа.
„Downdetector“ забележува дека корисниците во Русија, Украина, Белорусија и Полска се меѓу оние кои се соочуваат со овие проблеми.
Павел Дуров, основач и извршен директор на Telegram, посочува дека во наредниот период може да се очекуваат технички проблеми во работата на сервисот.
„Јасно ни е дека луѓето во овој момент имаат потреба да контактираат со своите најблиски повеќе од кога било и правиме се што можеме за да ја одржиме големата брзина на пренос и примање пораки“, вели Дуров.
Како причина за споменатите проблеми се наведуваат актуелните настани во Украина.
Извор: B92.net