Доколку сте претплатени на Apple Music и сакате да го споделите овој сервис за музика со вашите пријатели, проверете ги вашите нотификации. Сега можете да им подарите на пријателите кои не го користат овој сервис еден месец бесплатно на страна од тримесечниот бесплатен период. Отворете ја нотификацијата и ќе ви се отвори веб страна преку која имате можност да испратите бесплатен пристап како подарок преку порака.

Веб страната вели дека членството автоматски се обновува после еден месец или после еден месец откако ќе истече пробниот период. Тоа значи дека можете да испраќате покани дури и на тие кои веќе го искористиле пробниот период, иако се уште не е јасно дали Apple ја испратиле оваа понуда на сите корисници во светот или само во одредени региони. Како и да е, технолошкиот гигант се надева да придобие поголем број на корисници со тоа што ќе ги навлече на нивниот сервис.