Балканот и Анадолија некогаш формирале единствен континент, кој постоел пред околу 40 милиони години.
Балкандолија, како што е наречен заборавениот континент, се наоѓал меѓу Европа, Африка и Азија и бил мост за цицачите од Азија до Европа, тврди група научници во новата студија објавена во списанието Earth Science Review.
Кога нивото на морето паднало пред околу 34 милиони години, Балканот служел како мост за животните да мигрираат во јужна Европа, пред голем број цицачи во Западна Европа да исчезнат за време на ерата на истребување, според студијата на научниците што ја предводеше палеогеологот Алексис Лихт од Европскиот центар за истражување на еколошката геонаука, кој е и професор на Универзитетот во Вашингтон во САД.
Научниците своите тврдења ги темелат на фосилите пронајдени на Балканот, кои покажуваат дека животните емигрирале од Азија пет до 10 милиони години пред да се случи истребувањето во Европа. Тие користеле податоци за фосили од Балканот и Анадолија, споредувајќи ги со најновите сознанија за геолошката историја и ги реконструирале палеогеографските промени во регионот.
“A team of French, American and Turkish paleontologists and geologists led by CNRS researchers1 has discovered the existence of a forgotten continent they have dubbed Balkanatolia, which today covers the present-day Balkans and Anatolia”https://t.co/qTZklcnI4K pic.twitter.com/WOKfKX2EzY
— Nrken19 (@nrken19) February 22, 2022
Откриле дека Балканадолија во еден момент, од независен континент, станала „земен мост“ кога се споила со континенталниот дел на Европа, пишува Science Alert. Пред околу 50 милиони години, Балканот бил одделен од другите континенти и имал свој жив свет, кој се разликувал од Европа и Азија.
Комбинација од опаѓање на нивото на морето, пораст на мразот на Антарктикот и тектонски потреси го поврзаа Балканот со другите континенти пред 40 до 34 милиони години, се вели во студијата. Ова им овозможи на цицачите од Азија, како што се глодарите и копитарите, да дојдат на Балканот, а потоа и во Европа, покажуваат фосилните истражувања. Меѓу фосилите, научниците открија животно слично на носорог пронајдено во Турција, кое живеело пред 38 до 35 милиони години, што значи дека животните од Азија пристигнале на Балканот и Европа пред големото истребување.
Продорот низ Балканската долина бил многу полесен за животните, бидејќи патот низ Централна Азија бил многу потежок поради пустинските и ледените услови во некои делови.
Извор: CDM.me