Џиновска егзопланета оддалечена од нас 855 светлосни години има толку екстремна атмосфера што на неа се наоѓаат облаци од испарен метал и ја посеипуваат дождови од течни рубини и сафири.

Научниците дојдоа до овие имтересни податоци по детални анализи на нејзината атмосфера, најдетални до сега, откривајќи прв пат како изгледаат условите и динамиката на ноќната страна на некоја егзопланета.

„Иако до сега откривме илјадници егзопланети, успеавме да ја проучуваме атмосферата само на мал број од нив затоа што е толку обемнаработа“, вели астрономот Томас Микал-Еванс од Институтот Макс Планк во Германија, а пренесе „Сајанс алерт“.

Прави круг околу својата ѕвезда за малку повеќе од еден ден

Егзопланетата WASP-121 b, прв пат е откриена 2015 година. Се работи за гасовит џин поголем од јупитер кој се наоѓа на многу блиска орбита околу својата ѕвезда. Две години по нејзиното пронаоѓање, WASP-121 b стана прва егзопланета во чија стратосфера е пронајдена вода.

Но, многу малку е веројатно дека на WASP-121 b може да има живот.Со оглед на тоа дека кружи многу блиску до својата ѕвезда, на неа е многу жешко, со температури кои се движат од 1.227 до 2.727 степени Целзиусови.

Поради својата големина и орбита спаѓа во категоријата жешки Јупитери, гасовити џинови кои имаат орбита пократка од десет дена. Од речиси 5.000 досега пронајдени егзопланети, повеќе од 300 припаѓаат на оваа екстремна категорија. Пример, WASP-121 b ја обиколува својата ѕвезда за само 1,27 дена.

Бидејќи се наоѓа на толку блиску орбита, WASP-121 b исто така е плимно заклучен, што значи дека една негова страна секогаш е свртена кон матичната ѕвезда. Значи, еден негов образ е трајно изложен на дневно светло, додека другиот е во постојана темнина. Претходните анализи на атмосферата од дневната страна пронајдоа во не апареа од тешки метали.

Тајната на ноќната страна

Неговата ноќна страна беше многу потешко да се анализира затоа што е 10 пати потемна од дневната. За да се добијат детални информации за целата егзопланета, Микал-Еванс и неговите колеги го употребиле вселенскиот телескоп Хабл за да ја набљудуваат во текот на две полни орбити и да ги спојат податоците од неговата дневна и ноќна страна. На тој начин добиле увид како атмосферата на таа егзопланета функционира на глобално ниво.

Иако ноќната страна на WASP-121 b е многу поладна од дневната, уште е лудо врела по земски стандарди – дури 1.227 степени Целзиусови. поради овие екстремни температурни разлики меѓу хемисферите доаѓа до стварање притисок кој пак поттикнува ветрови кои кружат одколу планетата.

Кога овие ветрови ќе стигнат до ноќната страна, температурите се доволнос ниски водата да се врати во состојба на пареа, пред повторно да се пренесе на дневната страна. Но, водата таму не кондензира во облаци.

Место тоа, податоците покажуваат дека ноќните температури се доволно ниски за да се формираат облаци од метал кои веќе порано се откриени нво атмосферата на WASP-121 b. Тоа вклучува ванадиум, железо, хром, калциум, натриум, магнезиум и никел.

Дожд од рубини и сафири

Интересно е дека не се откриени траги од алуминим или титаниум, но астромоните веруваат дека тие елементи веројатно кондензирале и потонале подлабоко во атмосферата и затоа е тешко да се детектираат. Таму алуминиумот може да се спои со кислородот и да настане минералот корунд. Кога на Земјата корундот ќе се помеша со траги од други метали – како ванадиум, железо, хром или титаниум – настануваат рубини и сафири.

Тоа значи дека оваа егзопланета може да паѓа дожд од бесценети камења. Такви дождови можеби постојат и на Нептун, но иако тој нѝ е многу поблиску, прашање е дали некогаш ќе можеме од нив да ги собереме овие вредни камења.