Роверот Curiosity на американската вселенска агенција NASA фотографираше облаци на Марс.

Фотографиите  го прикажуваат движењето на облаците на небото над Марс, а ги сними навигациската камера на роверот Curiosity. Сенките на облаците се гледаат додека минуваат преку теренот и над самиот ровер.

Овие фотографии не само што се неверојатни, туку им помагаат на научниците да пресметаат некои важни податоци, од тоа колку брзо се движат облаците до висината на која се наоѓаат.

Научниците заклучија дека облаците се многу високи, речиси 80 километри над површината. Тим од научници потоа успеа да го дознае нивниот состав.

Поради екстремниот студ на споменатата надморска височина, облаците веројатно се состојат од леден јаглерод диоксид, за разлика од облаците на Земјата кои се наоѓаат пониско и кои се составени од вода и мраз.

Марсовските облаци не се изразени, во атмосферата се појавуваат многу слабо, па научниците на НАСА мораа да користат специјални техники за снимање за да ги забележат. Овие техники вклучуваат снимање неколку фотографии за да се добие статична позадина. Кога потоа ја отстранија статичната позадина, можеа да видат објекти кои се движат на сликата, што всушност се облаци.

Curiosity веќе го потврди присуството на глина на Црвената планета и ги пронајде праисториски исушени оази. Роверот беше лансиран уште во ноември 2011 година и понатаму извршува одлична работа.