Најновото ажурирање имплементирано во WhatsApp ќе го олесни преслушањето гласовни пораки кога се префрлате помеѓу различни разговори.
WhatsApp им овозможува на корисниците да испраќаат гласовни пораки, но проблемот со ова е што корисникот мора да ја слушне пораката во разговорот, а доколку проба да се префрли на друг разговор – пораката се прекинува и мора да се слуша од почеток.
Најновото ажурирање тоа го менува. Популарната услуга објави надградба што ќе им овозможи на корисниците да продолжат да ја слушаат гласовната порака дури и ако се префрлат на друг разговор.
Ова е слично на начинот на кој корисниците можат да гледаат YouTube видео на WhatsApp, каде што видеото продолжува и кога ќе се напушти тој разговор и ќе се префрлите на друг.
Новата функција е дел од промените, кои WhatsApp ги спроведува во својата апликација и гласовните пораки. Некои од другите измени вклучуваат можност за паузирање и репродукција на гласовните пораки (претходно, корисниците мораа да ја репродуцираат пораката од нула по паузирањето).
Тука е и промената која ви овозможува преслушување на пораката пред да биде испратена, во случај да сте згрешиле или сте решиле дека не сакате да ја препратите пораката.
Поврзани артикли