Компанијата Oppo објави официјални фотографии од својот претстоен флегшип смартфон, кој ќе биде претставен на 24 февруари во пресрет на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона.

Oppo го објави Find X5 во црна и бела боја, а претходно беше потврдено дека компанијата соработувала со Hasselblad кога се во прашање камерите. Подбрендот на Oppо, OnePlus исто така соработува со шведската компанија.

Компанијата тврди дека Find X5 Pro има „врвна камера која е неспоредлива со која било друга“, дека е украсена со „футуристички флегшип дизајн“ и дека е изработен од „убав и уникатен керамички материјал“.

На модулот на камерата со необичен облик е напишано „Powered by MariSilicon“, што се однесува на MariSilicon X, новата невронска процесорска единица на Oppo. Компанијата тврди дека „го надминува најголемиот предизвик за снимање видео со паметен телефон“, а тоа е „ноќното снимање“.

Од Oppo е потврдено и дека Find X5 Pro ќе го користи најновиот флегшип процесор на Qualcomm – Snapdragon 8 Gen 1.

Останатите информации ќе бидат објавени на презентацијата на смартфонот закажана за 24 февруари.