Корејската компанија LG поднесе до Канцеларијата за патенти на САД, патент за паметен телефон со 16 објективи на камерата, односно со “хексадецимална камера2. Патентот бил одобрен на 20. ноември, 2018. година.

Објективите се поставуваат во одреден свиок во рамките на матричниот распоред и можат да креираат слики од повеќе перспективи. Корисникот може да избере еден одреден објектив за снимање фотографија, а можно е да се изберат и повеќе леќи.

Фотографиите кои повеќето различни објективи ги создаваат во исто време, можат да се комбинираат во подвижна слика. Тогаш е можно да се избере дел од фотографијата и да го замени со дел од слика која ја снимил другиот објектив.

Исто така, можно е да се комбинираат неколку делови од различни фотографии заедно. Така можете да ја изберете главата на лицето, по што е можно да се помести во речиси идеална, сакана позиција.

Покрај фотоапаратот, блицот и и огледалото се исто така поставени одзади. Огледалото со задна камера му овозможува на корисникот да се фотографира во автопортрет режимот.

Патентот опишува и можност за интегрирање на другиот дисплеј на задната страна на уредот, но тој екран не е прикажан на скиците.

Освен тоа, излезната аудио единица се наоѓа од задната страна, а тој звучник заедно со предниот звучник, произведува стерео звук.