Минатогодишната Galaxy Z Fold 3 серија на флексибилни телефони донесе поддршка за таканареченото „пенкало“. Меѓутоа, бидејќи немаше свое место во куќиштето на уредот поради недостаток на простор, како што бевме навикнати кај Note серијата, мораше да се купи торбичка за носење, што се покажа како многу непрактично решение.
Се работи за уште една работа што треба да ја носите во рака, како и фактот што овие додатоци морате да ги купите посебно, доведе до тоа целото пакување да биде едноставно прескапо. Поради овие причини, Samsung одлучи ова да го поправи во претстојната серија Z Fold 4 и S Pen да го испорача како составен дел на новиот модел.
Според The Elec и Xda-developers, извор од компанијата истакна дека Galaxy Z Fold 4 серијата ќе пристигне со интегрирано S Pen пенкало. Изворот известува и дека уредот ќе се испорачува со 7,56-инчен внатрешен и 6,19-инчен надворешен екран. Ова е мало поместување од минатогодишните димензии од 7,55 инчни за главниот и 6,2 инчи за вториот екран, што го остава прашањето како Samsung ќе го вклопи пенкалото во куќиштето на телефонот кога не можеше на актуелниот модел.
Изворот додава дека компанијата ќе користи нешто што се нарекува Electro-Magnetic Resonance (EMR). Оваа технологија додава дел во самиот OLED панел на новиот модел и на тој начин, теоретски овозможува отстранување на батеријата од самото S Pen пенкало. На овој начин треба да придонесе за намалување на големината на пенкалото и да овозможи негово интегрирање во самиот телефон. На неодамна претставениот Galaxy S22 Ultra, Samsung веќе го донесе S Pen како дел од телефонот и ако го стори истото и со Z Fold 4 серијата, станува јасно дека Note серијата нема да се врати.