До денес, каматните и казните за испорачаните автомобили се зголемени на повеќе од 325 милиони долари

И покрај колапсот на економијата и строгите меѓународни санкции, многу стари советски и европски возила, увезени луксузни автомобили и домашни имитации сè уште се движат по широките улици на Пјонгјанг. Меѓу нив и ден денес е седанот Volvo 144 од 1973 година, дел од флота од 1.000 автомобили испратени во Северна Кореја од Шведска во средината на 1970-тите.

Тогаш Северна Кореја живееше од советски пари. Постојаната помош и растечката економија убедиле неколку шведски извозници да инвестираат во Северна Кореја, а во 1974 година шведската влада се согласила да испрати над 70 милиони американски долари во тешка машинерија, заедно со серија од 1.000 единици од моделот Volvo 144 кои служеа како такси. Една година подоцна, со продлабочувањето на економските врски меѓу двете земји, Шведска станува првата западна земја која отвора амбасада во Пјонгјанг.

Економијата на Северна Кореја набрзо почнува да слабее, и иако Шведска одржувала дипломатски односи со земјата, што било од голема корист за притворените американски граѓани, автомобилите никогаш не биле платени. До денес, каматните и казните за испорачаните автомобили се зголемени на повеќе од 325 милиони долари.

Дури и денес, „преживеаните“ модели на Volvo се користат како такси…

Извор: Додај Гас