Вселенскиот телескоп James Webb, кој неодамна беше испратен во вселената, ја направи првата фотографија, која всушност е селфи.
НАСА објави мозаик од фотографии на ѕвезди, направен со користење на 18 сегменти примарно огледало, а мозаикот изгледа како колекција на матни точки.
Но, всушност тимот на Земјата тоа и го очекуваше, а фотографиите на научниците ќе им помогне да го завршат процесот на израмнување на огледалата со употреба на NIRCam камерата (Near Infrared Camera).
Материјалот направен од телескопот е резултат од 25-часовно насочување на телескопот во 156 различни позиции и бележење на 1.560 фотографии со сензорите на NIRCam камерата.
Креиран е мозаик со користење на „потпис“ на секој сегмент од огледалото. Визуелните артефакти потекнуваат од употребата на инфрацрвени камери на температури над ледените, а кои се потребни за телескопот да ја врши научната опсервација.
Фотографијата во прилог не претставува цел мозаик бидејќи нејзината полна резолуција е поголема од два гигапиксели. Мозаикот претставува демонстрација на новиот телескоп во акција, а претходно е објавено селфи од главното огледало.
Фотографијата била направена со специјална леќа која им помага на научниците да ги калибрираат огледалата на телескопот додека тој се подготвува за работа. На фотографијата се гледа едно огледало кое е осветлено, а тоа е така бидејќи е поставено да биде насочено кон ѕвездата што ја гледа телескопот во моментот, според американската вселенска агенција .
Вселенската агенција ќе ги мести сите огледала на телескопот во следните три месеци.
Ѕвездата што ја гледа телескопот е ХД 84406 и се наоѓа во соѕвездието Голема Мечка. Таа била одбрана бидејќи лесно се препознава и околу неа нема многу ѕвезди со слична светлина.
Поврзани артикли