Националната аеронаутичка и вселенска управа на САД објави нови аудио снимки од површината на Марс.

NASA го испрати роверот Perseverance на Марс, а од него пристигнаа и првите податоци снимени од апаратот SuperCam на роверот.

Овој уред може да ја анализира геолошката структура на Марс на пет различни начини, што ќе им помогне на научниците да изберат карпи од кои роверот подоцна ќе земе примероци за да бара микробиолошки живот, или знаци кои покажуваат дека барем некогаш постоел.

Меѓу првите податоци има звуци од површината на Марс, па можете да слушнете ОВДЕ како звучи ветерот на Марс.

– Звуците се со исклучителен квалитет. Тешко е да се поверува дека научно ќе ги анализираме првите звуци некогаш снимени на површината на Марс – рече научникот Наоми Мардок.

Извор: 24sata.hr