Xiaomi ќе инвестира повеќе од 15 милијарди долари во следните пет години на развој и истражување за да го симне Apple од тронот на најголеми производител на паметни телефони.
Целта им е да станат број еден во Кина, а потоа и на глобалниот светски пазар и да го соборат Apple од првото место.
Леи Јун, извршен директор и основач на Xiaomi, рече дека нивната цел е да го достигнат целосното ниво на Apple и да станат број еден во следните три години.
Минатата година Apple го престигна Samsung и стана најголем продавач на паметни телефони во светот, а по шест години станаа број еден и во Кина.
Таму го симнаа Vivo од врвот и насекаде го држат првото место.
Xiaomi сега ќе потроши над 15 милијарди долари за да ги собори и ќе отвори уште 20.000 малопродажни места само во Кина. Моментално се први во Европа.
Поврзани артикли