Samsung ја претстави новата Galaxy S22 серија паметни телефони, а по тој повод е објавена реклама за најмоќниот модел S22 Ultra.
Во рекламата е прикажан пајак кој додека гледа низ прозорец од станот во кој се наоѓа, на големиот билбоард ги забележува задните камери на моделот S22 Ultra, кои потсетуваат на очи од пајак.
Така, пајакот се вљубува на прв поглед додека во позадина се слуша песната „Love Hurts“.
Во меѓувреме, билбордот се отстранува, нo на неговиот сопственик му пристига пратка, новиот мобилен Galaxy S22 Ultra со кој тој го фотографира своето милениче.