Apple е добро познат по својата голема тајност кога станува збор за идните лансирања на производи. Но, вчера, гигантот од Купертино случајно исфрли клучен детал за својот претстоен VR хедсет, потврдувајќи ги гласините за името на својот оперативен систем: realityOS.
Се чини дека програмерите во Apple случајно го префрлија „јавното“ подесување на приватно GitHub складирање за кодови, задржувајќи ги сите видови на изворниот код што се користи во развојот на уредот. Како што известува и Digital Trends, складирањето без сомнение е официјален фајл на Apple и содржи мноштво расфрлани најави за различните карактеристики на realityOS низ текстот во кодот.
Првобитно откриен од програмерот на iOS апликации, Метју Дејвис, складирањето содржи некои коментиран (неизвршлив) код, што укажува на тоа дека одредени апликации за iOS имаат пристап до библиотеките на realityOS, што укажува на врска помеѓу iOS на iPhone и хедсетот на realityOS.
Кодот ја споменува и фразата „realityOS_simulator“, што сугерира дека оперативниот систем realityOS ќе биде тестиран во апликацијата за Xcode на Apple. Xcode е софтвер кој го користат програмерите за macOS, iOS, iPadOS, watchOS и tvOS, овозможувајќи им целосно да ги тестираат своите апликации во симулаторот пред да ги објават.
Името на оперативниот систем „realityOS“ не се споменува само еднаш, туку девет одделни пати во кодот.
Повеќе од една година, Apple развива хедсет за кој се надева дека ќе биде револуционерен чекор за компанијата во светот на VR и AR, заедно со Apple Glass. Веќе постои извесно исчекување на идна голема директна конкуренција меѓу големите планови на Apple и Facebook на Metaverse, која исто така ќе биде изградена на виртуелната и проширена реалност.
Apple во минатото беше познат по отпуштањето на вработени поради откривање доверливи детали и дојава до новинарите, а кој и по грешка да ја објавил оваа информација за VR хедсетот, се надеваме дека Apple не бил премногу строг кон него.
Поврзани артикли