Канцеларијата во Истанбул е вкупно 17-та на компанијата, со што Турција стана нов пазар и десетта држава во рамките на нејзината глобална мрежа.
Компанијата за развој на софтвер и консултантски услуги, Сеавус, која е дел од групацијатаАрикома, ја отвори својата прва канцеларија во Турција, поточно во Истанбул, зајакнувајќи го своето влијание и проширувајќи ја можноста да понуди посветен локален тим за своите клиенти и партнери.Канцеларијата во Истанбул е вкупно 17-та на компанијата, со што Турција стана нов пазар и десеттадржава во рамките на нејзината глобална мрежа.
„Нашата нова канцеларија во Истанбул ќе ја зајакне способноста за иден раст, ќе го прошири нашиот опсег, ќе овозможи нови проекти и ќе ги искористи локалните таленти. Новата канцеларија ја гледаме како отворена врата во регионот и одлична можност за учење и стекнување непроценливо знаење за локалната култура, запознавање и работа со исклучителни ИТ професионалци. Веќе ги примивме нашите први вработени во семејството на Сеавус и се радуваме на идниот раст на нашата канцеларија“, вели Дејан Петрески, главен оперативен директор на Сеавус.
Сеавус е водечка компанија за развој на софтвер со докажано искуство во обезбедување на успешни деловни софтверски решенија на ниво на претпријатие. Компанијата има над 950 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги Европа и САД. Растечкото портфолио на компанијата опфаќа BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, деловни и производи за широка потрошувачка, мобилни и гејминг решенија, управувани решенија, како и сопствен развој, консултантски услуги и ресурси.Портфолиото на компанијата вклучува успешни приказни со клиенти од водечки светски производители на телекомуникации и мобилни телефони, организации од банкарската и финансиската индустрија, потрошувачка електроника, технологија, образование, влада, здравство,итн.