Realme 9 Pro+ пристигнува на 16 февруари со главна камера од 50 мегапиксели со Sony IMX766 сензор – исто како и кај премиум моделот Realme GT 2 Pro. Според компанијата, сензорот ќе фотографира исто толку добро како во случајот на флегшип моделите Google Pixel 6, Xiaomi 12 и Samsung Galaxy S21 Ultra.
Realme постави промотивна страница каде што можете да ги споредите перформансите на камерата на трите водечки модели веднаш до Realme 9 Pro+.
Realme исто така ја користи оваа можност да ја промовира својата технологија за снимање наречена ProLight за појасни и почисти ноќни пејсажи. Сите седум сценарија можете да ги најдете на овој линк.