Доколку сакате да го зачувате вашето здравје, не би било лошо да почнете да го консумирате овој напиток.

Група научници спровеле истражување кое го објавиле во списанието „European Journal of Nutrition“, а со кое докажале дека зелениот чај има влијание во спречувањето на вирусните и респираторните инфекции.

Всушност, резултатите покажале дека катехините во зелениот чај спречуваат ширење на вируси во горниот респираторен систем, така што создаваат заштитна преграда. Катехинот од чајот има директно противвоспалително дејство. Тој физички се врзува за вирусите и ги отстранува од горниот респираторен систем.

Епигалокатехин галат (основната компонента на катехинот) и епигалокатехинот, се врзуваат за хемаглутининот на површината на вирусите, па потоа на неураминидазата и така спречуваат вирусот да се закачи на површината од клетките, што автоматски ја одбива инфекцијата.

Во објавените резултати од истражувањето пишува и дека со оглед на тоа што епигалокатехин галат се наоѓа во зелениот чај, тој помага и при заштита од грип, како и од респираторни инфекции кои предизвикуваат други вируси.

Заклучоците од истражувањето истакнуваат дека редовното консумирање на катехинот од чајот (пиење на зелен чај), може да има влијание, односно превенција при ширење на вирусите, но и самото добивање на вирусни и респираторни инфекции.