Таблет уредите за гејминг се реткост, но компанијата Lenovo е во фаза на развој на еден таков уред. 

Се работи за таблет кој ќе биде дел од серијата Legion, а првите фотографии се појавија на социјалната мрежа Weibo. Едната го прикажува предниот дел на таблетот, а другата задниот панел на уредот.

Јасно е дека се работи за помал таблет со големина на екранот од 8 инчи, што е прилично мал со оглед на фактот дека мобилните телефони како Lenovo Legion 2 имаат екран од 6,92 инчи.

 

На таблетот нема физички контроли, што го разликува од рачната конзола Lenovo Legion Play со екран од 7 инчи и вградени физички контроли, D-Pad и други копчиња кои инаку се дел од контролерот за игри.

Засега нема детали за спецификациите, но се очекува висока стапка на освежување на екранот и врвен Snapdragon процесор, а дали тоа ќе станува збор за Snapdragon 8 Gen 1 или Snapdragon 888 останува да се види.