Според претходните процени се веруваше дека Марс се претворил во голема пустина пред околу 3 милијарди години, но новите истражувања укажуваат дека сепак се работи за 2 милијарди години.
Прашањето кога имало вода на Марс ги мачи научниците, но и сите оние заинтересирани за Црвената планета. Станува збор за една од најинтересните загатки кога станува збор за вселената, а можеби одговорот се крие во новите и старите снимки од површината на планетата.
Според претходните процени, Марс се претворил во голема пустина пред околу 3 милијарди години, но новите истражувања укажуваат дека сепак се работи за 2 милијарди години.
Тоа значи дека формите на живот, ако некогаш ги имало, имале повеќе време да еволуираат.
Сателитот Mars Reconnaissance Orbiter на НАСА направи неколку снимки кои го потврдуваат ова, а на една фотографија се гледаат исушени канали со траги од сол. Тие солени остатоци се доказ дека водата некогаш се создавала од истопен лед и потоа се сливала, слична како на Земјата.
За да проценат колку се стари слоевите сол во речните корита на Марс, научниците го користеле тоа што веќе го знаат за формирање вулкански кратери на оваа планета.
Солените траги за првпат се забележани уште пред 15 години, но тие откритија дури неодамна доведоа до нови заклучоци.
Научниците се сигурни дека Марс некогаш обилувал со сини, големи океани. Тоа што и понатаму е непознато е дали во тие води имало некаков облик на живот.
По тој одговор трага роверот Preseverance, кој во февруари, 2021 година стигна до Марс. Тим научници неодамна со ExoMars Trace Gas орбитерот на Европската вселенска агенција дојде до фасцинантно откритие дека на Марс постои огромен резервоар на сокриена вода, но не се знае дали е во течна состојба или е замрзната.