Во текот на неодамнешниот разговор за заработка со инвеститорите, извршниот директор на Apple, Тим Кук, откри дека компанијата сега има 1,8 милијарди активни уреди ширум светот.
Иако Кук не навлезе подлабоко во тие бројки, секако треба да се забележи дека Apple смета дека уредот е активен доколку во изминатите 90 дена бил во интеракција со услугите на Apple.
Да потсетиме, минатата година компанијата се пофали дека има 1,65 милијарди активни уреди, додека во 2020-та година тој број бил помал за околу 150 милиони.
Кога станува збор за уредите со Android, Google во мај минатата година откри дека има над три милијарди активни.
Како што истакнува The Verge, компанијата ја зема оваа бројка од својата PlayStore, која всушност не ги брои уредите базирани на Android кои користат алтернативни продавници за апликации, па во реалноста таа бројка е уште поголема.
Во секој случај, несомнено е дека главниот генератор на приходи на Apple е нивниот iPhone, кој за време на празничниот квартал одлично се продаваше во сите делови на светот, па дури и во Кина, каде изборот на паметни телефони од локалните производители е навистина голем.