На почетокот на оваа недела, на Geekbench листата ја видовме се уште неофицијалната Nokia G21, а сега имаме прв поглед на уредот преку неколку рендери. Nokia G21 може да се види во темно кафена, темно зелена и светло зелена боја.
Nokia G21 донесува дисплеј со засек за селфи камера таво облик на капка на предната страна и тројна камера на задната страна. Модулот на камерата го отфрла кружниот изглед од неговите претходници и преминува кон потрадиционален правоаголен изглед. Се очекува 6,5-инчен LCD со HD+ резолуција, додека задниот дел ќе има главен сензор од 50 MP заедно со помошните модули кои се уште не се познати.
Телефонот треба да пристигне со T606 чипсетот на UniSoc, што е видливо од неговата Geekbench картичка со резултати, заедно со 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Се наведува и дека новиот телефон на Nokia има батерија од 5.000 mAh, приклучок за слушалки и слот за microSD картичка.