Ракетата Falcon 9 на приватната компанија SpaceX однесе во орбитата шпионски сателит што ќе биде во служба на американските вселенски сили, соопшти Националната канцеларија за извидување (NRO), која е одговорна за изградба и управување со воената сателитска мрежа на САД.

Ракетата што го носеше сателитот NROL-87 полета во 12:27 часот по локално време (21:27 часот по средноевропско време) од воената база Ванденберг во Калифорнија и ја лансираше во орбитата на Земјата, по што без тешкотии се врати во базата, соопшти NRO.

„Сателитот NROL-87 е дизајниран и конструиран од NRO, која управува со него во име на нејзината вселенска извидувачка мисија“, соопшти воената извидувачка агенција, без дополнителни детали, повикувајќи се на „воена тајна“.

NRO, која е под јурисдикција на Пентагон и го следи меѓународниот поморски сообраќај и комуникациите на американските ривали, додава дека ова е прв лансиран сателит оваа година и 17-ти во последните две години.

Тој е во служба на Командата на вселенските сили со седиште во Лос Анџелес.

Извор: N1info.com