Facebook губи дневни корисници за првпат во својата 18-годишна историја во последниот квартал од 2021 година, пренесоа светските медиуми, додавајќи дека личното богатство на извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг е помало за 29 милијарди долари по катастрофалниот пад на акциите на неговата компанија.
Facebook бележи пад од речиси 500,000 дневни логирања во последните три месеци од 2021 година, со 1,93 милијарда корисници кои се логираат секој ден.
Цукерберг смета дека падот на корисниците на Facebook најверојатно се должи на бумот на популарноста на конкурентската платформа TikTok.
„Луѓето имаат голем избор за тоа како сакаат да го поминуваат своето време, а апликациите како Тик-ток растат многу брзо“, „Вашингтон пост“ го цитира Цукерберг.
Тој повтори дека Meta – компанијата што ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp – напорно притиска да го развие краткото видео Reels во обид да се натпреварува со TikTok.
Комапнијата се соочи со катасрофален пад на акциите во продолженото тргување во средата, откако неочекувано големите трошоци за проектот „Метаверзум“ доведоа до редок пад на профитот во четвртиот квартал.
Meta забележа пад на акциите за 22,6 отсто на 249,90 долари во тргувањето по работното време, бришејќи околу 200 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.
Цукерберг, кој вреди приближно 107 милијарди долари, поседуваше повеќе од 398 милиони акции во Meta на крајот на 2020 година, според „Инвестопедија“. Врз основа на неговите пријавени акции, тој лично доживеа загуба од над 29 милијарди долари кога акциите на компанијата паднаа во средата.
Поврзани артикли