Од здравјето на дигестивниот тракт зависи и целиот наш имунитет, истакнуваат имунолозите.
Зима е годишно време кога внесуваме помасна и генерално покалорична храна, ја нарушуваме цревната микрофлора и го зголемуваме ризикот од болести.
Бројни студии направени во последните две децении, покажале дека врската меѓу здравјето на цревата и расположението, односно менталното здравје, автоимуните болести, ендокрини нарушувања, стареење на кожата – е присутна.
Постојат намирници кои секојдневно ги користиме, а кои можат да ги „отрујат“ цревата, а ние воопшто да не сме свесни за тоа. За овој вид храна детално зборувал германскиот доктор Томас Фрилинг.
Главната опасност по здравјето, односно по дигестивниот тракт е шеќерот. Претераното консумирање на оваа намирница може да предизвика размножување на штетните микроорганизми и изумирање на корисните микроби во цревата.
Уште еден непријател на цревата се сувомесните производи кои содржат канцерогени супстанции.
Освен тоа, мајонезот, маргаринот и свинската маст исто така се сметаат штетни за дигестивниот тракт, напоменал докторот.
Тој исто така кажал дека сендвичот со колбас е една од омилените порции за појадок, но таа храна е опасна за цревата и стомакот. Честото консумирање сендвич го зголемува оптоварувањето на панкреасот.
Фрилинг препорачал наутро да испиете една чаша вода на празен стомак за да ја поттикнете функцијата на преработка на храна и да ја подобрите работата на дигестивниот тракт.
За да го одржите здравјето на цревата, вклучете овошје во исхраната и мешунки, а тие ќе го заситат вашето тело со растителни влакна, антиоксиданти и витамини кои спречуваат воспаленија.
Поврзани артикли