Основачот на SpaceX и ексцентричен милијардер Елон Маск вели дека постои голема веројатност тој да биде еден од храбрите пионери кои ќе го колонизираат Марс и кој ќе умре таму.

Според 47-годишниот претприемач, постои шанса од 70 отсто дека лично ќе користи ракета на SpaceX за да лета на Марс. И не само што планира посета на Црвената Планета, чија површинска температура во просек изнесува -80 степени, тој планира и да се пресели таму. Маск е уверен во својата намера и покрај фактот дека неговата компанија допрва треба да почне со вселенски лет со екипаж, а камоли да патува 250 милиони километри со уште неразвиена опрема за колонизација.

Ова не е некој долгорочен план што зависи од одредени достигнувања, смета Маск, но е многу реална можност што ќе се случи во нашиот живот за цената на билет од неколку стотици илјади долари.

Сепак, нема да добиете лесен живот за вашите пари, оценува Маск. На прашањето дали бегањето на Марс ќе биде бегство за богатите, Маск рече дека тоа ќе биде само одмор.

„Со тоа што ќе треба да се изгради база, нема да има многу време за одмор, па дури и по сето тоа, тоа е многу груба атмосфера. Значи … има добри шанси да умреш таму”, вели Маск.

Сепак, тој вели дека е подготвен да го преземе предизвикот, во духот на истражувачите кои се искачуваат на Монт Еверест, со исклучок на тоа што тие планинари обично не решаваат да живеат на врвот до крајот на својот живот, без надеж за враќање.

НАСА, која работи со Маск на проект за пренос на астронаути на Меѓународната вселенска станица, неодамна објави дека ќе ја испитува културата на компанијата во SpaceX, по видеото што се појави од Маск на кое се гледа тој како пуши марихуана. Видеото би можело да ја компромитира неговата способност да добие дозвола од владата, што му е потребна за да работи на проектот.