Многу битна информација која се појави денеска, открива дека претстојните Galaxy S22+ и S22 Ultra модели на Samsung ќе поддржуваат брзо полнење од 45 W. Имаше надеж и дека стандардниот Galaxy S22 ќе поддржува 45W, но таа надеж ја разби од холандскиот Nieuve Mobiel.
Стандардниот Galaxy S22 ќе ги има истите 25W како неговиот претходник и ќе му бидат потребни 70 минути да ја наполни својата батерија од 3.700 mAh (300 mAh помалку од S21). S21+ ќе може да користи полнач од 45W и ќе може да ја наполни својата батерија од 4.500 mAh за 60 минути.
Тестовите на S21 покажаа дека се потребни 73 минути за целосно полнење, а S21+ тоа го направи за 72 минути. И да повториме уште еднаш, S22 серијата телефони нема да доаѓа со полнач – ќе мора да користите опствен или да купите нов.
Samsung ќе ја претстави серијата Galaxy S22 на 9 февруари, но последните гласини велат дека може да го одложи лансирањето на Galaxy S22 и S22+ за 7-10 дена поради недостиг на чипови, иако сè уште не знаеме дали ова се однесува на Snapdragon или Exynos чипсетите.