Иако е-спортот се здоби со популарност дури во средината на 2000-тите, натпреварите се одржуваа уште во 1980-тите. Како што напредуваше технологијата, игрите постепено се префрлија од компјутери и конзоли на мобилни телефони, што знаеше да биде многу непрактично поради слабите процесори и малите екрани. Денес најсовремената мобилна технологија на 21-от век овозможува да уживате во игрите каде и да сте, а сето тоа со помош на уред кој го собира во вашиот џеб.
Најдобар меѓу најдобрите за гејмерска забава е Galaxy Z Fold3 кој се карактеризира со феноменални перформанси, но и дизајн. Ова е најтенкиот телефон Galaxy Fold со 6,2-инчен надворешен екран што овозможува удобно користење дури и само со една рака, а кога се расклопува, открива масивен 7,6-инчен Infinity Flex Display екран што обезбедува супериорно уживање при гледање и играње. Целокупното искуство дополнително се подобрува со дизајнот на камерата на главниот екран, која исчезнува веднаш штом ќе се вклучи 22,5:18 AMOLED Infinity Flex екранот, што придонесува за подобро визуелно уживање и ви овозможува да се фокусирате на играта.
Страствените гејмери знаат колку се важни прецизноста и прегледноста. Секое движење и дејство што се случува во неочекуван момент бара остро око, брза реакција и секако погодок, а бидејќи неверојатната стапка на освежување од 120 Hz е една од главните предности на овој уред, нема да пропуштите ни потег од играта при користењето на телефонот за играње игри.
Со користење на технологијата Eco display, екранот е 29% посветол додека истовремено троши помалку енергија, со што ќе ви овозможи да уживате во омилените игри и мобилни активности во текот на целиот ден. Батеријата од 4400 mAh е двојно попаметна, па освен што е дизајнирана за цел ден или ноќ, може да се полни и преку брзо полнење од 25 W или со брз безжичен полнач.
Најголемите љубители на игрите сега можат да бидат ѕвезди на е-спорт натпреварите во реално време со помош на 5G мрежата. Услугата за стриминг на игри базирана на Hatch Cloud ви овозможува да истражувате повеќе од 100 одлични мобилни игри, додека табелата за рангирање на конкуренцијата се менува со молскавична брзина.
Конечно, корисниците можат да креираат персонализирани кратенки за повторно отворање на која било работна апликација благодарение на функцијата App Fair. Со оваа функција на новиот Galaxy Z Fold3 Taskbar, можете беспрекорно да ги менувате апликациите без да мора да одите во главното мени па ако во одреден момент ја прекинете играта, секогаш можете многу брзо и лесно да се вратите во вашиот виртуелен свет и да постигнете уште една победа во низа.
Поради своите карактеристики, но и можноста за целосно уживање во користењето Galaxy Z Fold3 стана синоним за квалитет, а бидејќи нема добра забава без квалитетен уред, тој е и телефон со кој ќе сакате да освојувате нови трофеи.
За гејмерска манифестација на модерен и урбан стил, телефонот може да се најде во три атрактивни нијанси: фантом црна, фантом зелена и фантом сребрена, а за подобро да се запознаете со сите спецификации на уредот кликнете на линкот: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold3-5g/