Постепено добиваме се појасна слика за тоа што можеме да очекуваме од Samsung Galaxy S10 линијаата, а ова практично е заокружено две недели пред објавата на новите смартфони. Најновите протечени информации ни откриваат речиси се за најдостапниот модел во линијата – Galaxy S10e.

Најпрвин, кога е во прашање името, телефонот изгледа нема да го носи името Galaxy S10 Lite, бидејќи Galaxy S10e името е потврдено и на фотографиите во живо и во документацијата за сертификација на тајванската NBTC агенција.

Потоа, се појавија неколку нови фотографии, кои Galaxy S10e го прикажуваат во живо. Лењирот покрај punch hole камерата укажува дека дијаметарот на селфи камерата во дисплејот ќе биде околу 5 mm. Исто така, изгледа дека Samsung нема да проба да ја скрие punch hole камерата со инвентивни UI елементи.

Знаеме дека Galaxy S10e ќе има 5.8-инчен рамен екран, а сензорот за отпечаток од прст ќе биде имплементиран во копчето за вклучување од страна (за разлика од Galaxy S10 и Galaxy S10+ со екрани од 6.1 и 6.4 инчи и сензор за отпечаток на прстот во дисплејот).