Tesla нема да започне со производство на пикапот Cybertruck EV оваа година бидејќи се фокусира на зголемување на капацитетот во сегашните фабрики во Калифорнија и Кина, a ќе започне со производство i во новите фабрики во Тексас и Германија

Иако многумина го очекуваат сега веќе славниот пикап Tesla Cybertruck, се чини дека во 2022 година нема да го видиме на пазарот. Барем така вели Илон Маск, извршниот директор на Tesla.

„Нема да воведуваме нови модели на возила оваа година. Нема да има смисла“. Ова го изјави Маск во презентацијата на извештајот за добивката на компанијата во четвртиот квартал.

Според Reuters и Automotive News Europe, Маск вели дека компанијата е фокусирана на оптимизирање на ограничената понуда на чипови кои ги контролираат основните функции на возилото, како што се електричните седишта и прекинувачите на прозорците, и дека воведувањето нови модели и нови сложености всушност ќе го намали производството на возила.

Маск вели дека компанијата продолжува со проектирањето и планирањето на Cybertruck, Tesla Semi, Roadster и роботот на Tesla наречен Optimus.

Сепак, интересна е неговата објава на неговиот Twitter профил, во која вели:

„Го возев најновиот прототип на Cybertruck низ Гига Тексас. Тоа е одлично!’

Сето претходно значи дека Tesla нема да започне со производство на пикапот Cybertruck EV оваа година бидејќи се фокусира на зголемување на капацитетот во сегашните фабрики во Калифорнија и Кина и ќе започне со производство во новите фабрики во Тексас и Германија. Но, што се однесува до производството на нови производи, тоа би дошло само доколку би се зголемило производството на Tesla, а не да се ограничи.

„Зависи од тоа кога ќе можеме да произведуваме повеќе или помалку“, вели Маск.

Tesla Model 2 не е во плановите

Маск вели дека нема планови за поевтина Tesla, која некои ја нарекуваат Model 2.

„Во моментов не работиме на автомобил од 25.000 долари“, вели Маск како одговор на прашање. „Во одреден момент ќе го направиме тоа. Но, во моментов имаме доволно во чинијата – искрено, премногу“.

Тој, исто така, посочува дека роботизираните такси се подобар начин за намалување на транспортните трошоци од поевтините електрични возила.

Маск исто така сугерира дека Tesla се мачел да го направи Cybertruck подостапен, истовремено збогатувајќи го со нови технологии.

„Има многу нови технологии во Cybertruck за кои ќе биде потребно извесно време да проработат“, вели Маск. „И тука е прашањето која е просечната цена на Cybertuck и до кој степен е прифатлива“.

Тој се надева дека производството на Cybertruck ќе достигне 250.000 примероци годишно. Да потсетиме, Cybertuck требаше да биде лансиран кон крајот на 2021 година по почетна цена од околу 40.000 американски долари.

Маск исто така вели дека очекува возилата на Tesla да постигнат целосна способност за самоуправување оваа година. Луѓето сега мора да седнат зад воланот за да возат автомобил доколку е потребно.

„Би бил шокиран доколку оваа година не постигнеме целосно самостојно возење, побезбедно од човек“, рече Маск.

Бројот на целосно самоуправувачки бета возила Tesla во САД се искачи на речиси 60.000 единици, од неколку илјади на крајот на септември. Tesla тестира подобрена верзија на софтверот за автоматско возење на јавни патишта, иако од компанијата велат дека тие карактеристики не ги прават возилата автономни.