YouTube ги објави плановите и приоритетите за 2022 година, а меѓу нив е и фокусот на новите технологии како што е NFT.
Сузан Војчицки, Извршен директор на YouTube, ги посочува Web3 технологиите како инспирација за она што ќе пристигне на видео платформата во текот на 2022 година.
Не се споменува како ќе се користи NFT, ниту кога се планира негово имплементирање и имплементацијата на други технологии, но се очекуваат во текот на оваа година.
„Минатата година во светот на криптовалутите, NFT и децентрализираните автономни организации, ги обележаа претходно непознатите можности за раст и развој на врските меѓу креаторите и нивните фанови“, истакнува Војчицки.
Можно е дека ќе биде имплементирана опцијата креаторите на содржини да им продаваат NFT на своите гледачи, но се очекуваат некои промени , за сето тоа да биде поинтересно.
Покрај NFT, други категории во кои YouTube би можел да оствари профит се подкастите и проширените функции за купување. YouTube, исто така, работи на подобрување на својата Shorts содржина.
Поврзани артикли