Во текот на претходните денови е појавија информации дека е во опасност договорот за аквизиција што Nvidia го планира за ARM.
Според наводите, Nvidia е подготвена да се откаже од купувањето вредно 40 милијарди долари, а причината е притисокот од регулаторните тела.
Интересно е што законодавците во Европската унија го одобрија купопродажниот договор минатата година, без посебни услови.
Сепак, Nvidia сега се соочува со многу поголеми проблеми, од страна на глобалните / меѓународните регулатори, кои стравуваат дека комбинацијата Nvidia-ARM може да ја наруши конкурентната рамнотежа на пазарот.
Аналитичарите посочуваат дека овој договор минува низ различни регулаторни процеси откако беше објавена аквизицијата, а многумина веруваат дека не е чудно што Nvidia размислува да се повлече од процесот на купување.
Официјален претставник на Nvidia, во одговор на популарниот портал The Verge, истакна: „И понатаму се придржуваме до деталите во нашите најнови регулаторни поднесоци – дека оваа аквизиција дава можност да се подобри ARM и да се поттикне конкуренцијата и иновациите“.
Поврзани артикли