Мета го претстави суперкомпјутерот AI Research SuperCluster (RSC), за кој вели дека ќе биде најбрз во светот, кога целосно ќе биде завршен кон средината на годината. Компанијата објави дека следната генерација на вештачка интелигенција ќе биде отклучена од моќни суперкомпјутери кои ќе можат да извршуваат квинтилиони операции во секунда, како што е RSC.
Со RSC, Мета се надева дека ќе изгради подобри AI модели кои можат да учат од трилиони примери. Беше речено дека ќе помогне во изградбата на технологии за метаверзум, на кои Мета сега посветува посебно внимание, каде верува дека апликациите и производите водени од вештачката интелигенција ќе играат важна улога.
Коментирајќи го RSC, Meta соопшти:
„Со RSC, можеме брзо да обучиме модели кои користат мултимодални сигнали за да одредиме дали дејството, звукот или сликата се штетни или бенигни. Ова истражување не само што ќе помогне да ги задржиме луѓето безбедни во нашите услуги денес, туку и во иднина додека го градиме метаверзумот. Како што RSC преминува во својата следна фаза, планираме да стане поголем и помоќen додека почнуваме да ги поставуваме темелите за метаверзумот“.
Во однос на хардверот, RSC работи со 760 NVIDIA DGX A100 системот, со вкупно 6.080 графички процесори. Секој од графичките процесори комуницира со помош на NVIDIA Quantum 200 Gb/s InfiniBand две нивоа на Clos. Што се однесува до складирањето, RSC има 175 петабајти Pure Storage FlashArray, 46 петабајти кеш во Penguin Computing Altus системите и 10 петабајти Pure Storage FlashBlade. Доколку ве интересираат повеќе детали за овој суперкомпјутер со вештачка интелигенција од Мета, задолжително прочитајте ги сите детали на нивниот блог.
Поврзани артикли