Гласините дека Apple работи на iPhone со перископ леќа се појавија во 2020 година од аналитичарот Минг-Чи Куо. Иако некои гласини велат дека iPhone 14 Pro во 2022 година ќе има перископ леќа, новите гласини покажуваат дека тој ќе пристигне дури со лансирањето на iPhone 15 Pro во 2023 година.
Според аналитичарот Џеф Пу, Apple конечно ќе претстави перископ леќа со 5x оптички зум во iPhone 15 Pro и Pro Max моделите. Наводно, гигантот од Купертино преговара со Lanta optics, која ќе испорача перископ леќи за iPhone Pro моделите во 2023 година. Се вели дека Apple ги тестира примероците и дека конечната одлука ќе ја донесе во мај.
По договорот, Lante Optics наводно ќе му испорача 100 милиони компоненти на Apple. Samsung и Huawei веќе нудат 10x перископ зум објектив во своите флегшип производи и тие стануваат се подобри со секоја генерација. Најновите iPhone 13 Pro модели се ограничени на 3x оптички зум.
Неодамнешните гласини велат дека компанијата ќе се префрли на главна камера од 48 MP во iPhone 14 Pro серијата од 12 MP во актуелната генерација и ќе донесе поддршка за снимање 8K видео, во споредба со 4K снимањето во iPhone 13 серијата.
Поврзани артикли