Оние кои сакаат часовник на Garmin за нивните авантури, веројатно ќе ја разгледаат серијата Fenix, премиум мулти-спортски GPS паметен часовник кој значително напредуваше во последните десет години. Новите модели донесуваат и нови „трикови“.
Новост е дека серијата Fenix 7 сега има екрани на допир. Можеби е чудно што досега ги немале, но користењето на вакви уреди на отворено значи и изложеност на различни фактори, како пот, временски услови, постојано движење и користење со ракавици. Затоа, екранот на допир можеби е непрактичен, но од Garmin велат дека тоа нема да биде така и дека новите часовници ќе бидат многу корисни во „активни услови“. Иако Venu и vivoactive сериите на Garmin веќе имаат екрани на допир, оваа функција е нова во серијата Fenix.
Друга новост е и multi-LED блиц светилката, која ќе биде корисна во текот на кампување или за време на утринско или вечерно трчање. Неговата употреба е повеќекратна и може да се користи за сигнализирање на велосипедистите и возачите. Fenix доаѓа во три модели, односно во три големини, 7S/7 и премиум 7X големини 42, 47 и 51 mm.
Сите модели имаат опција за соларно полнење, а Garmin тврди дека новото куќиште има поголема површина на екранот која би можела да биде двојно поефикасно во собирањето на сончевата енергија во споредба со линијата Fenix 6. Поради тоа, часовникот би можел да „издржи“ и до пет недели со едно полнење, што е доста импресивно за овој тип на уреди.
Fenix серијата донесува и нови понапредни режими за тренинг кои се придружуваат на мноштвото постоечки. Цената се движи од 700 долари па нагоре.
Поврзани артикли