Џиновски астероид поголем од која било зграда на Земјата ќе помине денеска покрај нашата планета, соопшти NASA. Астероидот, именуван 7482 (1994 PC1), е широк повеќе од еден километар, односно 1.052 метри.

Астероидот е повисок од највисоката зграда на светот Бурџ Калифа во Дубаи, која е висока 830 метри. Сепак, Светската вселенска агенција соопшти дека астероидот не претставува никаква опасност за Земјата, пишува Sky News.

NASA наведува дека научниците со години го следат астероидот и дека растојанието на кое ќе помине покрај Земјата ќе биде 1.931.212 километри.

Ова растојание е пет пати поголемо од растојанието на Месечината од Земјата.