Долго време историчарите се сомневаа дека причина за исчезнувањето на мистичната цвилизација на Маите е сушата, но немаа цврсти докази за тоа. Со помош на современата технологија таа теорија се потврди со прилично прецизни податоци за сушата која владеела во тој период.

Дали климатските промени биле толку силни што срушиле цивилизација која во тој периот имала најнапреден систем за пишување и градела прекрасни градби со неверојатна прецизност? Најновата студија објавена во Science ги дава одговорите на овие прашање, а доказите покажуваат дека климата во Централна Америка во тој период драстично се променила.

Езерото Чичанканам на полуосатровот Јукатан се наоѓа доволно блиску во центарот на цивилизацијата на Маите за да даде прецизни податоци за климата во тој регион. Студентот Николас Еванс од Универзитетот Кембриџ ги измерил изотопоите на кислород и водород во молекулите на водата заробена во гипсените наслаги собрани при бушење на дното на езерото. Испитувањата од седиментацијата покажале дека во период од 100 години годишните врнежи во тој регион опаднале до 70% и преминале во години со екстремна суша. Ова истражување е многу значајно бидејќи покажува колку опасни можат да бидат климатксите промени за човечката популација за многу краток период.

Наслагите од седиментациите под езерото биле внимателно анализирани за да се изгради модел од климатски услови во областа, вклучувајќи податоци од температурите и дождовите, додека во текот на периодот со помалку дожд, волуменот на езерото се намалувал. Всушност токму водените фосили формирани низ годините најмногу помогнале да се разоткрие мистеријата за исчезнувањето на Маите.