Xiaomi се подготвува да го лансира Redmi Note 11 смартфонот на светскиот пазар.

Xiaomi доби сертификати на голем број пазари и различни региони, а сега е познато колку ќе чини Redmi Note 11 кога ќе се појави на Стариот континент.

Телефонот ќе биде достапен во три различни верзии, а основната ќе чини 250 евра. На клиентите ќе им бидат достапни три бои и тоа Star Blue, Graphite Grey и Twilight Blue.

Xiaomi во Кина продава смартфон со Mediatek Helio G88 процесор, кој се заснова на 12nm технологија, но изворите велат дека верзијата на глобалниот пазар ќе биде покренувана од Snapdragon 680 процесорот на Qualcomm направен со помодерен процес на производство од 6nm, поради што би требало да биде значително енергетски поштедлив.