Благодарение на спектроскопски инструмент, објавена е досега најдеталната тридимензионална мапа на вселената која прикажува 7,5 милиони галаксии.

Мапата е објавена на 13 јануари од калифорниската Национална лабораторија „Лоренс Беркли“. Оваа мапа е резултат од првите седум месеци истражување на универзумот, со помош на спектроскопски инструмент.

Мапата го одржува погледот од планетата Земја кон соѕвездието Девица, полека приближувајќи се кон соѕвездието Волар.

Астрофизичарот Џулиен Гај укажа дека е можно да се види отпечаток од историјата на ширењето на вселената. Ова е само почеток на работата на оваа лабораторија која секој месец ќе објавува податоци за милиони нови галаксии.

Кога истражувањето ќе заврши, а тоа е планирано за 2026 година, мапата би требало да содржи 35 милиони галаксии. Со тоа на астронаутите ќе им бидат достапни голем број значајни податоци за понатамошните истражувања.

Податоците ќе придонесат за разбирање на мистериозната темна енергија за која се верува дека сочинува 70% од вселената и дека токму таа е причина за ширење на вселената.

Извор: Klix.ba