Instagram тестира нов вертикален скрол за Stories во Турција и Бразил. Ова ќе донесе контрола со повлекување по вертикала, слично на Reels и ривалскиот TikTok.
Instagram уште во февруари 2021 година објави дека работи на приказни со вертикално поместување, а досега приказните се менуваа хоризонтално, како што веќе сите знаеме.
Сега со вертикално скролање можете да преминете од приказна на еден корисник во друга, додека хоризонталното лизгање ќе не префрла помеѓу различните приказни на истиот корисник. Погледнете како тоа изгледа во долниот твит.
? Instagram is testing a vertical swipe stories feed in Turkey
h/t @yousufortaccom pic.twitter.com/KdJa9CTnTl
— Matt Navarra (@MattNavarra) January 12, 2022
Сè уште не е јасно кога ќе пристигне новиот метод на скролање, па дури и дали сигурно ќе допре до сите корисници на глобално ниво. Во овој момент, Instagram можеби само прави A/B тестирање и може да одлучи целосно да не ја вметне функцијата, туку само делумно.