На профилите на социјалните мрежи на Huawei Bulgaria се споменува само Huawei P50 Pro, но локалниот портал Nixanbal потврдува дека ќе се појави и смартфонот на преклоп – P50 Pocket. Двата уреда работат на Snapdragon 888 чипсет, но бидејќи Huawei е дел од црната листа во САД, на производителот не му е дозволено да користи ништо поврзано со 5G, па овие водечки уреди се ограничени на LTE поддршка.
И покрај овие ограничувања и очигледниот недостаток на услуги на Google, P50 Pro и P50 Pocket се доста импресивни уреди. Класичниот флегшип модел има моќна поставка со четири камери, огромнен OLED дисплеј и брзо полнење од 66 W, додека флексибилниот модел има Snapdragon 888 SoC со поддршка за 4G мрежи. Телефонот има до 12GB RAM и 512GB простор за складирање. Поседува батерија од 4000 mAh со поддршка за брзо полнење од 40 W.
Телефонот на преклоп има и тројна камера на задната страна со примарен сензор од 40 MP и ултраширок сензор од 13 MP. Има и сензор со ултра спектар од 3 MP. Кога е преклопен, уредот има дебелина од 15,2 мм и тежи 190 грама, а кога е расклопен, телефонот е тенок само 7,2 мм.
Цените ќе бидат објавени кон крајот на месецот, а кога ќе бидат откриени во Бугарија, ќе важат и за остатокот на Европска унија.
Huawei го објави флексибилниот P50 Pocket со 6,9-инчен екран (ВИДЕО)
Поврзани артикли