Еден од основачите на популарната видеоплатформа Vine и на апликацијата HQ Trivia, Колин Крол, вчера беше најден мртов во неговиот стан во Њујорк.

Телото на 34-годишниот Крол го нашла полицијата откако неговата девојка побарала да проверат што се случува со него.

Њујоршката полиција стигнала до станот на Крол на Менхетн за да провери дали се наоѓа внатре.

Неговото мртво тело било најдено до прибор за земање дрога. Се очекува судски вештак да ја утврди причината за смртта што најверојатно е предозирање со наркотици.

„Беше многу талентиран и постигна многу иако беше толку млад. Ова е огромна загуба“, изјави таткото на Крол, Алан, за New York Times.