На многу начини, Honor Magic V има многу сличен пристап како Huawei Mate X2, нудејќи голем, употреблив екран од надворешната страна и огромен флексибилен внатрешен дисплеј со големина на таблет.

Помалиот од двата екрана – екстерниот од 6,45 инчи – има сооднос 21:9 и резолуција од 1080 x 2560 пиксели. Покрај тоа, може да достигне максимална осветленост од 1000 нита и брзина на освежување од 120 Hz, што значи одговара на перформансите на повеќето водечки телефони со врвен екран.

Главниот екран – флексибилен внатрешен – има дијагонала од 7,9 инчи, може да достигне стапка на освежување од 90 Hz и осветленост до 800 нита. Со резолуција од 2272 x 1984 пиксели, тој нуди густина од 382 пиксели по инч, што значи – како што истакнува Honor – поостар и посветол екран од екранот на iPad mini.

Кога е преклопен, внатрешниот дисплеј благо се наведнува во пределот на шарката, така што на една точка има помал притисок, а на Honor му овозможи да го направи одот на шарката практично невидлив.

Како и кај секој телефон на преклоп, постојат одредени корисни софтверски трикови за да се искористи максимумот од големиот панел, како на пример извршување на повеќе задачи паралелно.

На задната страна, Honor постави три камери од 50 мегапиксели. Иако, за разлика од повеќето телефони, овој систем со тројна камера нема телефото зум.

Наместо тоа, Honor’s Magic V има примарна камера, заедно со ултраширока и „подобрена камера“ што снима повеќе бранови должини на бои / спектар од обичните телефонски камери.

Honor Magic V ќе биде достапен во три бои: црна, бела и портокалова, а сите имаат различни финиши. Портокаловата боја има вегански кожен грб, додека двата стаклени модели имаат различни, препознатливи дезени. Со дебелина од 14,3 mm кога е затворен, тој е и еден од најтенките смартфони на преклоп досега.

Се напојува со процесорот Snapdragon 8 Gen 1, што го прави први телефон на преклоп што го има овој чипсет. Другите спецификации вклучуваат батерија од 4750 mAh која поддржува жичано полнење од 66 W.

Од Honor сè уште не истакнаа кога телефонот ќе биде лансиран на глобално ниво, но навреме ќе ве информираме за тоа.