Во јули минатата година, Huawei ги претстави P50 и P50 Pro, а во декември продолжи со смартфонот на преклоп, P50 Pocket. Овие смартфони моментно се достапни само во Кина, но двата ќе го имаат своето глобално деби следната недела – 12 јануари.
Оваа информација доаѓа од малезиската филијала на Huawei, која објави неколку тизери на својот профил на Твитер, потврдувајќи го меѓународното деби на P50 Pro и P50 Pocket на 12. јануари.
Huawei Малезија ги наведе двата паметни телефони на својата официјална веб-страница, со детали за нивните спецификации и карактеристики, кои се во согласност со нивните кинески врсници. Сепак, P50 Pro ќе работи со Snapdragon 888 чипсет наместо Kirin 9000, а P50 Pocket ќе работи со EMUI 12 наместо со HarmonyOS.
Huawei не спомена кој оперативен систем ќе работи на P50 Pro, но веруваме дека станува збор за EMUI 12 интерфејсот. Покрај тоа, P50 Pro и P50 Pocket ќе доаѓаат во една конфигурација од 8GB / 256GB, барем во Малезија, додека P50 Pocket Premium Edition ќе се нуди во конфигурација од 12GB / 512GB.